Функционалност

Прифатот за алат (1) со алатот што се вметнува (16) се придвижува од електромотор преку менувач и ударен механизам.

Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во акција).

Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот на завртките и така се оптоварува моторот. Притоа ударниот механизам ја претвора силата на моторот во еднакви удари со вртење. При олабавување на завртки и навртки, оваа постапка тече по обратен редослед.