Контрола на косината

- Монтирајте го мерниот алат хоризонтално на статив (26).
- Изберете режим на ротација.
- Поставете го стативот со мерниот алат така што Y-оската ќе биде порамнета во линија со наклонот што треба да се тестира.
- Поставете го зададениот наклон како наклон на Y-оската види Режим на косина во хоризонтална положба.
- Прицврстете го ласерскиот приемник (24) со држачот на мерната летва (25).
- Поставете ја мерната летва на подножјето на накосената површина.
- Израмнете го ласерскиот приемник на мерната летва по висина така што променливиот ласерски зрак (1) на мерниот алат да биде прикажан како центриран на приемникот.
- Потоа поставете ја мерната летва со ласерскиот приемник, едно по друго, на различни точки за проверка на накосената површина.
- Внимавајте положбата на ласерскиот приемник на мерната летва да остане непроменета.
Доколку ласерскиот зрак е прикажан како центриран на сите точки за проверка, наклонот на површината е точен.