Ѕидна конзола

Може да го прицврстите мерниот алат со помош на ѕидната конзола (35) на ѕид. Употребата на ѕидната конзола се препорачува, на пример, при работа на висини поголеми од максималната висина на стативите или при работа на нестабилна подлога и без статив.

  1. Завртете ја ѕидната конзола (35) со 4 завртки низ отвoрите за прицврстување (34) на ѕидот.
  2. Монтирајте ја ѕидната конзола колку што е можно похоризонтално и внимавајте да има стабилно прицврстување.
  3. Завртете ја 5/8"-завртката (36) на вертикалниот прифат за статив (18) на мерниот алат.
  4. По потреба олабавете ги завртките за прицврстување (37) и поместете го монтираниот мерен алат во саканата положба.
  5. Затегнете ги завртките за прицврстување (37) повторно.