Режим на мирување

Со помош на Bosch Levelling Remote App може да го ставите мерниот алат во тивок режим. Функцијата за предупредување од удар останува активна и сите поставки се зачувуваат.

При активиран тивок режим, трепкаат приказот за аголот на закосување (8), приказот за функцијата за предупредување од удар (13) како и приказот за ниво на наполнетост (9) сите за 5 секунди еднократно.

Приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) свети постојано во сино, сè додека поврзаниот паметен телефон е во опсег. Ако поврзувањето се прекине, трепка приказот за поврзување преку Bluetooth® (15). Во овој случај, може да го завршите тивкиот режим, со кратко притискање на копчето  на мерниот алат.

Доколку положбата на мерниот алат се промени додека е во тивок режим, предупредувањето од удар ќе се активира откако ќе се излезе од тивкиот режим.