Калибрирање на мерниот уред
Следните интервенции може да се вршат само од страна на школуван и квалифициран персонал. Мора да биде позната регуларноста при вршење на проверка на точноста или калибрација на мерниот уред.
- Извршете ја калибрацијата на мерниот уред прецизно или оставете го мерниот уред Bosch-на контрола во сервисната служба. Непрезицната калибрација води до погрешни резултати при мерењето.
- Стартувајте ја калибрацијата доколку мора да се изврши калибрација на мерниот уред. Штом мерниот уред е во режим на калибрација, калибрацијата мора да се изврши до крај, за да не произлезат погрешни резултати од мерењето.
- После секое калибрирање проверете ја точноста на нивелирањето. Доколку отстапувањето лежи надвор од максимално дозволените вредности, оставете го мерниот уред на контрола во сервисната служба Bosch-.
Напомена: калибрацијата на Z-оската е можно да се изврши преку Bosch-сервисната служба.
Калибрирање на X и Y‑оската
Калибрацијата на мерниот алат треба, доколку е можно (како што е опишано подолу), да се изврши со помош на ласерскиот приемник LR 45. Калибрација без ласерски приемник е можно да се изведе само при поволни светлосни услови и е поврзана со поголем ризик од грешки.
Мерниот уред и ласерскиот приемник не смеат да се менуваат во позиција за време на калибрирањето (со исклучок на опишаните израмнувања одн. вртења). Затоа, поставете го мерниот уред на цврста, рамна површина и прицврстете го ласерскиот приемник.
Калибрацијата треба, доколку е можно, да се изврши преку Bosch Levelling Remote App. При управување преку апликацијата се отстрануваат можностите за грешки, бидејќи во спротивно мерниот алат може да ја промени својата положба при невнимателно притискање на копчињата.
При калибрација без апликација, мора да се притиснат соодветните копчиња на мерниот алат.
Потребна е една слободна мерна линија од 30 m на цврста подлога. Доколку не е достапна таква мерна линија, калибрирањето може да се изврши и со помала точност на нивелирање на 15 m долга мерна линија.
Монтирање на мерниот алат и ласерскиот приемник за калибрација:
- Монтирајте го мерниот алат во хоризонтална положба на растојание од 30 m или 15 m од ласерскиот приемник на стативот (26) или поставете го на цврста, рамна подлога.
- Прицврстете го ласерскиот приемник на соодветна висина:
- или на ѕид или друга површина со помош на магнетите на ласерскиот приемник,
- или на стабилно прицврстено помошно средство со држачот на ласерскиот приемник.
Постапувајте согласно упатството за употреба на ласерскиот приемник.
Израмнување на мерниот уред за калибрирање:

- Израмнете го мерниот алат така што втиснатата ознака за X-оската на мерниот алат со „−“-страната насочена кон ласерскиот приемник. Притоа X-оската мора да биде поставена под прав агол во однос на ласерскиот приемник.
Напомена за калибрација:
- За време на калибрацијата, сите копчиња на мерниот алат што не се потребни за калибрацијата се деактивирани.
- Ако за време на калибрацијата не се притисне ниту едно копче подолго од 5 минути или ако подолго од 5 минути не се испрати сигнал преку Bosch Levelling Remote App, тогаш калибрацијата на мерниот алат се прекинува. Притоа не се зачувуваат никакви промени. Во приказот за аголот на закосување (8) трепка наизменично во црвено <Er> и <01>. За да се вратите во нормален режим на работа, затворете ја пораката за грешка во апликацијата или кратко притиснете го копчето
на мерниот алат. - Калибрацијата на мерниот алат може да се прекине во секое време преку апликацијата или со подолго притискање на копчето
на мерниот алат. Притоа не се зачувуваат никакви промени. Не е можно за време на калибрацијата да се вратите на претходен чекор. - Ако за време на калибрацијата преку апликацијата се прекине врската со мерниот алат, калибрацијата може да се продолжи директно на мерниот алат (види процес на калибрација без апликација).
Стартување на калибрацијата:
- Мерниот алат мора да се наоѓа во хоризонтална положба. При вертикална положба, калибрацијата не може да се започне ниту преку апликацијата ниту на самиот мерен алат.
Калибрација преку Bosch Levelling Remote App:
- Вклучете го мерниот алат.
- Воспоставете ја врската со мобилниот уред преку апликацијата Bosch Levelling Remote App.
- Започнете ја калибрацијата во апликацијата.
- Понатаму следете ги упатствата во апликацијата.
Калибрација без апликација:
- Мерниот алат мора да биде исклучен.
- Држете го притиснато копчето
на мерниот алат. Кратко притиснете го копчето
и веднаш отпуштете го за да ја започнете калибрацијата. - Мерниот алат се нивелира. Нивелирањето се прикажува со кружни сегменти на приказот за агол на закосување (8).
- По завршување на нивелирањето трепка <C1> во црвено на приказот за агол на закосување (8).
Извршување на калибрирање без апликација:
- Вклучете го ласерскиот приемник.
- Израмнете го ласерскиот приемник по висина така што променливиот ласерски зрак (1) да биде прикажан како центриран на приемникот. Постапувајте согласно упатството за употреба на ласерскиот приемник.
- Прицврстете го ласерскиот приемник на оваа висина.
Калибрирање на X-оската:
- Проверете дали мерниот алат и ласерскиот приемник се правилно порамнети меѓусебно („−“-страната на X-оската е насочена кон ласерскиот приемник).
- Уверете се дека променливиот ласерски зрак (1) е прикажан како центриран на ласерскиот приемник.
- Завртете го мерниот алат за 180°, така што „+“-страната на X-оската да биде насочена кон ласерскиот приемник.
- Кратко притиснете го копчето
на мерниот алат, за да го потврдите вртењето. - По завршување на нивелирањето трепка <C2> во црвено на приказот за агол на закосување (8).
- На приказот проверете ја релативната висина на ласерскиот приемник и растојанието помеѓу ласерскиот зрак и ознаката за средина.
- При секое вртење внимавајте да не ја промените висината и закосувањето на мерниот алат.
На мерната должина од 30 m максимално дозволеното отстапување изнесува 3 mm. Ако вредноста прикажана на ласерскиот приемник е поголема од 3 mm, ориентацијата на ласерот мора да се коригира:
- Притискајте го копчето
или копчето
на мерниот алат, додека вредноста за релативната висина прикажана на ласерскиот приемник не се преполови.
Пример: ако на ласерскиот приемник е прикажана вредност од 10 mm, тогаш притискајте ги копчињата на мерниот алат сè додека вредноста на приемникот не изнесува 5 mm. - Кратко притиснете го копчето
на мерниот алат, за да се зачува калибрацијата на X-оската. - По завршување на нивелирањето за потврда трепка <C3> во црвено на приказот за агол на закосување (8).
Калибрирање на Y-оската:
- Завртете го мерниот алат за 90°, така што „−“-страната на Y-оската да биде насочена кон ласерскиот приемник.
- Уверете се дека променливиот ласерски зрак (1) е прикажан како центриран на ласерскиот приемник.
- Завртете го мерниот алат за 180°, така што „+“-страната на Y-оската да биде насочена кон ласерскиот приемник.
- Кратко притиснете го копчето
на мерниот алат, за да го потврдите вртењето. - По завршување на нивелирањето трепка <C4> во црвено на приказот за агол на закосување (8).
- На приказот проверете ја релативната висина на ласерскиот приемник и растојанието помеѓу ласерскиот зрак и ознаката за средина.
- По потреба коригирајте го растојанието како што е опишано за X-оската.
- Потоа, кратко притиснете го копчето
на мерниот алат, за да се зачува калибрацијата на Y-оската.
- Во приказот за агол на закосување (8) свети за 2 секунди во зелено <C>.
Ако калибрирањето е успешно завршено, мерниот уред автоматски се исклучува.
Калибрацијата не успеа:
Доколку калибрацијата на X- или Y-оската не може да се зачува, на приказот за агол на закосување (8) трепка наизменично во црвено <Er> и <02>.
- Кратко притиснете го копчето
на мерниот алат, за да ја потврдите пораката. - Мерниот алат се враќа во нормален режим на работа без да направи промени.
- Стартувајте ја калибрацијата.
Ако калибрирањето е повторно неуспешно, тогаш оставете го мерниот уред на контрола во сервисната служба Bosch-.