Рачен режим

Автоматското нивелирање на мерниот алат може да се исклучи (рачeн режим на работа).

  1. Притиснете го копчето  и копчето  истовремено 2 секунди, за да го исклучите автоматското нивелирање.
  1. Во приказот за агол на закосување (8) постојано ќе се прикажува <--> во црвено.

При рачен режим мерниот уред може да се постави во саканата косина.

Дополнително, може да ја накосите Y‑оската во опсег од ±15 %.

  1. Притиснете го копчето , за да ја накосите ласерската рамнина во насока на Y–.
  2. Притиснете го копчето , за да ја накосите ласерската рамнина во насока на Y+. 
При рачен режим, на екранот не се прикажуваат вредности за закосување.
  1. За повторно да го вклучите автоматското нивелирање, притиснете го копчето  и копчето  истовремено 2 секунди.