Вртење на ротационото ниво во вертикална положба

При вертикална положба на мерниот алат, може да ја завртите ласерската точка, ласерската линија или ротациската рамнина во опсег од ±15 % околу X-оската. На тој начин, може да го израмните ласерот без да го поместувате мерниот алат (на пример, за едноставно усогласување или паралелно израмнување).

За да ја завртите ротациската рамнина, притискајте го копчето  или  додека не се достигне саканата позиција. За време на вртењето трепка <--> во зелено на приказот за аголот на закосување (8), по завршувањето на вртењето свети <--> постојано во зелено.

При вертикална положба на мерниот алат, на екранот не се прикажуваат вредности за закосување.