Работа со батерија

Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.

Ако акумулаторската батерија е отстранета од мерниот уред, зелените LED-светилки на приказот за наполнетост на акумулаторската батерија ја покажуваат состојбата на наполнетост.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост или , за да се прикаже состојбата на наполнетост.

Доколку по притискањето на копчето за приказот за наполнетост не свети LED светилка, акумулаторската батерија е дефектна и мора да се замени.

Не секој тип на батерија има приказ за наполнетост.

Тип на батерија GBA 18V... | GBA18V...

LED-светилки

Капацитет

Трајно светло 3 × зелено

60–100 %

Трајно светло 2 × зелено

30–60 %

Трајно светло 1 × зелено

5–30 %

Трепкаво светло 1 × зелено

0–5 %

 

Вид батерија ProCORE18V… | EXPERT18V… | EXBA18V… | CORE18V…

LED-светилки

Капацитет

Трајно светло 5 × зелено

80–100 %

Трајно светло 4 × зелено

60–80 %

Трајно светло 3 × зелено

40–60 %

Трајно светло 2 × зелено

20–40 %

Трајно светло 1 × зелено

5–20 %

Трепкаво светло 1 × зелено

0–5 %

‎EXPERT18V…‎‎‎‎ | ‎EXBA18V…‎‎‎‎‎

LED-светилките на приказите за наполнетост на батеријата, покрај статусот на наполнетост на батеријата, може да укажат и на ризик од дефект на батеријата.

За да ја активирате функцијата, притиснете и задржете го копчето за приказот за наполнетост  3 секунди. Анализата на батеријата се сигнализира со вклучено светло на приказот за наполнетост на батеријата. Резултатот се прикажува на приказот за наполнетост на батеријата.

1 LED-светилка: батеријата има висок ризик од дефекти. Перформансите и времето на траење можеби веќе се намалени. Се препорачува да се замени батеријата.

5 LED-светилки: Батеријата е во добра состојба со низок ризик од дефекти.

Напомена: проценката на ризикот од дефект на батеријата работи во две фази и нуди поедноставена проценка на состојбата. Батеријата или е оценета во добра состојба или има зголемен ризик од дефекти. Не се прикажува процентот на здравјето на батеријата.

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.