Всисување на прав/струготини
Избегнувајте да работите без мерки за намалување на прашината. Соодветен уред за всисување прав ја намалува количината на прав што е опасна по здравјето. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Барања за всисувачот | ||
|---|---|---|
Препорачан номинален дијаметар на цревото | mm | 28 |
Потребен потпритисокA) | mbar | ≥ 140 |
Потребна количина на протокA) | l/s | ≥ 23 |
Препорачана ефикасност на филтерот | Класа на прашина MB) | |
- A)
Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат
- B)
Според IEC/EN 60335-2-69
Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
- Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
- За да избегнете опасност од пожар при сечење на алуминиум, испразнете го исфрлувачот на струготини и не користете всисувач на струготини.
Празнење на исфрлувачот на струготини (види слика i)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се обработува и големите струготини можете да го отворите долниот поклопец на сечилото за пила (52).
- Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
- Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
- Електричниот алат навалете го на страна.
- Олабавете ги завртките за прицврстување (53) и отворете го долниот поклопец на сечилото за пила (52).
- Отстранете ги искршените делови од работниот дел и струготините.
- Затворете го долниот поклопец на сечилото за пила и повторно завртете го.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Надворешно всисување (види слика j)
- Цревото за всисување прикачете го цврсто во соодветниот адаптер за всисување (34).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.