Ставање во употреба
- Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
- Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа види Контрола на точноста на мерниот уред.
При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
- Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста види Контрола на точноста на мерниот уред.
- Притиснете го прекинувачот за осцилаторна блокада во позиција
, кога го транспортирате мерниот уред. На тој начин се блокира осцилирачката единица, која инаку би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/исклучување (3). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1).
- Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред, притискајте го копчето за вклучување-исклучување (3) додека, не се исклучи приказот за статус (2). Притиснете го прекинувачот за осцилаторна блокада (4) во позиција
, за да ја заклучите осцилирачката единица.
- Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.