Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии (7) притиснете на блокадата (6) и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на внатрешната страна на поклопецот од преградата за батерии (7).
Доколку батериите се слаби, ласерските зраци трепкаат бавно околу 1 минута.
Ако батериите се празни, свети приказот за статус (2) во црвено и ласерските линии трепкаат за околу 10 s со брзо темпо. Потоа мерниот уред се исклучува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање, батериите во мерниот уред може да кородираат.