Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:
- Режим на вкрстени линии (видете слики A−C и F): мерниот уред емитира една хоризонтална и една вертикална ласерска линија од предниот како и една вертикална ласерска линија од страничниот излезен отвор на ласерот (1). Двете вертикални ласерски линии се една кон друга под агол од 90°.
- Вертикален режим (види слика D): мерниот уред емитира една вертикална ласерска линија од предниот како и една вертикална ласерска линија од страничниот излезен отвор на ласерот (1). Двете ласерски линии се една кон друга под агол од 90°.
- Хоризонтален режим (види слика E): мерниот алат произведува хоризонтална ласерска линија од предниот излезен отвор на ласерот (1).
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со вкрстени линии. За да го смените режимот на работа, притиснете го копчето за вклучување/исклучување (3) додека, ласерските зраци не се создадат во посакуваниот режим на работа.
Сите начини на работа може да се изберат со автоматика за нивелирање како и со осцилаторна блокада.