Автоматика за нивелирање

Работење со автоматика за нивелирање (види слики AE)

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот (10).

За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за осцилаторна блокада (4) во позиција . Приказот за статус (2) свети во зелено.

Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат повеќе.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи површината на која е поставен мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, свети приказот за статус (2) во црвено, ласерските линии трепкаат и се слуша сигнален тон.

Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред повторно во рамки на полето на самонивелирање од ±4°, ласерските линии светат непрекинато, приказот за статус (2) свети во зелено и сигналниот тон ќе се исклучи.

Надвор од полето на самонивелирање од ±4° работењето со автоматиката за нивелирање не е возможно, бидејќи не може да се гарантира ниту точноста на нивелирање на ласерските зраци, ниту точниот агол помеѓу ласерските зраци.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.

Работење со осцилаторна блокада (види слика F)

За работење со осцилаторна блокада, притиснете го прекинувачот за осцилаторна блокада (4) во позиција . Приказот за статус (2) свети во црвено.

При работа со осцилаторна блокада автоматиката за нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските линии повеќе не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.