‌Безбедносни напомени за одвртувачи

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Правта што настанува при шмирглање, сечење, брусење, дупчење и слични дејности може да има канцерогено, тератогено или мутагено дејство. Некои од овие материи содржани во правта се:
олово во бои и лакови што содржат олово; кристален силициум во цигли, цемент и други ѕидарски работи; арсен и хромат во хемиски третирано дрво. Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста, треба да работите само во добро проветрени простории со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално конструирани уреди за заштита при дишење, кои ги филтрираат и најситните честички прав).