Вклучување/исклучување
Одвртувачите имаат спојка за исклучување која зависи од вртежниот момент и се подесува во дадените граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот вртежен момент.
- За вклучување на електричниот алат, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) докрај.
- Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се постигне подесениот вртежен момент.
- При предвремено отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) претходно подесениот вртежен момент нема да се постигне.
- Редовно проверувајте го вртежниот момент на прицврстувачот и повторно прилагодете ја спојката за исклучување доколку е потребно.