Совети при работењето
- Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат.
Приказ за завртувања (зелена/црвена LED светилка)
Со постигнување на претходно поставениот вртежен момент, спојката за исклучување се отпушта. LED-приказот (5) свети зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се постигне, LED-приказот (5) свети црвено и се слуша звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање
Доколку при завртувањето на спојниците се активира спојката за исклучување, моторот се исклучува. Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веќе фиксираните спојници.