Совети при работењето

  • Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
  • Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето.

  • Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување.

Функцијата Потсетник за пауза (приказ (14)) ви помага да спречите телесен замор во вашата секојдневна работа.

Можете да ја конфигурирате и ресетирате функцијата преку апликацијата на паметниот телефон (стандардна поставка: функцијата е деактивирана).

Напомена: Со копчето (16) може да се ресетира функцијата Потсетник за пауза, кога поставеното времетраење на работа е истечено и приказот за потсетник за пауза (14) свети во црвена боја.

Приказ на потсетник за пауза (14)

Значење/причина

зелена

Функцијата Потсетник за пауза е активирана.

Опции за поставување за времетраењето на работа преку апликација на паметен телефон:

  • 30 минути
  • 1 час

црвена

  • во комбинација со црвениот светлечки приказ за статусот на електричниот алат (15)

Поставеното времетраење на работа е истечено.

Ако истече поставеното времетраење на работа, електричниот алат работи додека моторот не запре или додека не се исклучи електричниот алат.

Електричниот алат може повторно да се вклучи по пауза од 10 минути.

Функцијата Дневно предупредување за вибрации (приказ (17)) ви помага при работата, да се придржувате до законски дефинираната гранична вредност на изложеност (ELV). Ова го спречува синдромот на вибрација дланка-рака.

Можете да ја активирате и деактивирате функцијата преку апликацијата на паметниот телефон (стандардна поставка: функцијата е деактивирана).

Напомена: Ако е активирана функцијата Дневно предупредување за вибрации, со притискање на копчето (16) може да се рестартира тајмерот за дневното време на работа.

Приказ на предупредување за вибрации (17)

Значење/причина

зелена

Функцијата Дневно предупредување за вибрации е активирана.

црвена

  • во комбинација со црвениот светлечки приказ за статусот на електричниот алат (15)

Дневното време на работа ја достигна граничната вредност на изложеност (ELV).

Електричниот алат автоматски се исклучува.

  • Прекинете со работата или замолете некој друг да продолжи.

Само со остри алати за длетување може да постигнете добри резултати, затоа редовно острете ги истите. Ова овозможува подолг рок на употреба на алатите и добри работни резултати.

Острете ги алатите за длетување на брусните плочи, на пр. корунд, со ист довод на вода. Внимавајте на тоа, на острицата да не се појави боја на отпуштање; ова ја оштетува цврстината на алатите за длетување.
За ковање загрејте го длетото на 850 до 1050  °C (светло црвена до жолта).
За калење загрејте го длетото на околу 900 °C и потопете го во масло. Потоа ставете го во печка околу еден час на 320 °C (боја на жарење светло сина).